Газа го оплакува (жали) за 12-годишното момче убиено во текот на демонстрациите: “Сакаше да биде хирург“

0
323
Газа го оплакува (жали) за 12-годишниот Насер Азми Мусбиха, кој беше убиен за време на демонстрациите под наслов “Голем марш за враќање” во Газа.
Тој беше убиен додека им помагал на медицинските тимови за време на мирни демонстрации на границата со Газа. Тој е роден во 2006 година и неговиот живот заврши многу рано со куршум, кој беше истрелан од израелски војник.
Училиштето започна во 2012 година, во време кога Газа беше нападната и кога само звукот на оружјето можеше да се слушне во таа област. Од раѓање до смрт, ова момче живеело во околина која е сведок на тажни моменти исполнети со оружје, крв и солзи.
Тој беше еден од најуспешните ученици во училиштето Абдулкерим Керми во Хан Јунус. Тој исто така тренирал и Кунг Фу. Сите го познаваа го сакаа. Зад себе го остави семејството и голем круг на пријатели кои ја оплакуваат неговата прерана смрт.
Во училиштето во кое одел, во првата клупа, до неговиот школку другар , стои слика. Слика на насмеано момче. Неговите школски другари со рацете се обидуваат да ги сокријат солзите.
Еден од нив е Зија Абу Хати.
“Во саботата се договоривме да се најдеме кај мене. Беше хафиз. Тој ден требаше да учиме Кур`ан (светата книга на муслиманите) “, рече Хатти, пренесува Анадолија.
Тој му помогнал за домашна задача.
“Горд сум што имав пријател како него. Јас сум горд на него. Тој беше многу паметно момче и сакав да биде како него. Но, тој замина “, изјави ова момче.
Тешко му е да зборува за својот другар. Солзите не може да ги сокрие.
“Ми беше најдобар пријател. На сите им помагаше со англискиот јазик и првата помош. За време на демонстрациите тој им помагаше на медицинските тимови во оваа област. Секогаш му велев да не оди на границата, за да не заврши како другите момчиња кои ги убија израелските војници “, изјавил Хатти.
И наставникот Насиров Кемал Некар (50) има само пофалби за ова момче. Како што рече, тој отсекогаш бил еден од најуспешните во сите училишни активности.
“Тој сакаше да биде хирург. Ама не ги оствари своите соништа “, рече Некар.
Во куќата на овој 12-годишното момче, многу тага. Членовите на семејството ги гледаат неговите работи и плачат. Мајката  Симах Мусабб (41), додека го покажува неговиот појас од Кунг Фу и сертификатот за положен Хифз, раскажува за неговиот син.
“Тој беше различен од другите деца”, истакнала мајката Симах. Најмногу го сакаше спортот. На школското радио учеше Ку`ан, езан во џамија…
“Сакаше да ја види Палестина на другата страна на границата. Тој беше упорен да присуствува на демонстрациите. Секоја недела волонтираше за тимовите за медицинска помош “, истакна мајката Симах.
Како што рече, нејзиното момче било цел на снајперист.
“Моето дете им помогаше на тимовите за итна помош. Не представуваше опасност или закана за никого. Имаше само 12 години. Како би можело да претставува закана за војниците кои се опремени со модерно оружје и кои му пукаа во главата “, изјавила мајката на Симах.
Израелските војници, со употреба на боева муниција убија седуммина Палестинци во петокот на границата во Газа, при што беа повредени 90 лица.
Палестинците од 30 март на границата на Појасот Газа и Израел организираат мирни демонстрации наречени “Големиот марш за враќање”. Оттогаш до денес, за време на демонстрациите, 34 малолетни лица беа убиени.
Израелските војници против цивилите кои бараа враќање на територијата од која беа протерани и укинување на блокадата на Газа  воведена во 2006 година користи боева муниција.
Повеќе од 180 Палестинци беа убиени за време на интервенцијата на израелските војници во текот на демонстрациите од 30 март.