“Се чини дека луѓето кои изнесуваат такви изјави не го разбираат нивото на нивната одговорност и опасностите од агресивната реторика”, изјавила портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова, пренесува агенцијата Тас.
Американската претставниќка во НАТО изјави дека Русија мора да го суспендира развојот на нови проектили кои би можеле да носат нуклеарни боеви глави и предупреди дека САД би можеле да го отстранат овој систем, доколку стане оперативен.
Можно ‘отстранување’ на ракетите
“Сега е време Русија да седна на маса и да стави точка на прекршувањата”, изјави амбасадорката Бејли Хатчисон, објавува АП.
Таа посочи дека ако тој систем “стане способен да функционира”, тогаш САД ќе ја разгледаат можноста да ги “отстранат” проектилите што би можеле да ја погодат Америка и некои од земјите-партнери во Европа.
НАТО се плаши дека системот 9M729 го крши Договорот за нуклеарните сили од средно ниво од 1987 година, пренесува американската агенција.
Овој пакт, од времето на Студената војна, забранува цела класа на оружје – сите крстосувачки ракети базирани на копно со домет од 500 до 5.500 километри, пренесува АП.










