Америчко предупредување до Русија: Морате да прекинете со развој на нови ракети

0
501
Американската пратеничка во НАТО, Кеј Бејли Хатчинсон, изјави дека Русија мора да го суспендира развојот на нови проектили способни да носат нуклеарни боеви глави, предупредувајќи дека САД би можеле да го “отстранат” тој систем, ако тој стане оперативен.
Хатчинсон изјави дека е време Русија да седне на маса и да стави крај на прекршувањето на ерата на Студената војна, објави АП.
Хатчинсон истакна дека ако тој систем “стане способен да функционира”, тогаш САД ќе ја разгледа можноста да “отстранат” ракета што би можела да ја погоди Америка и некои од земјите-партнери во Европа.
НАТО се плаши дека системот 9M729 го крши Договорот за нуклеарните сили од средно ниво од 1987 година, изјави американската агенција.
Овој пакт, од времето на Студената војна, забранува цела класа на оружје – сите крстосувачки ракети  базирани на копно со домет од 500 до 5.500 километри, додаде АП.