Брисел: Илјадници работници на улиците бараат измена на пензиските реформи

0
234

Илјадници работници излегоа денес на улиците на Брисел во знак на незадоволство поради реформите на пензискиот систем, јавува Anadolu Agency (AA).

Работниците се собраа на повик на различни синдикати. Се собраа во утринските часови, во близина на Железничката станица во центарот на Брисел на протестен марш.

Работниците, кои дојдоа од различни градови, извикуваа различни слогани против Владата и носеа транспаренти со натписи против пензиските реформи.

И покрај лошите временски услови, протестите траеја неколку часа. Насобраните ја повикаа белгиската Влада да направи измени кога се во прашање условите за пензионирање. Поради протестите дојде и до попречување во функционирањето на јавниот превоз, а забележани се и откажувања на голем дел од линиите на метрото, трамваите и автобусите.

Демонстрантите на овој начин реагираа на одлуката на Владата за подигање на старосната возраст за пензионирање и промената на отпремнината.