Ердоган: „Правата на Турција во регионот не може да бидат узурпирани“

0
247

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека Турција никогаш нема да дозволи нејзините права во регионот да бидат узурпирани од другите земји, јавува Anadolu Agency (AA).

„Земјите кои мислат дека можат да дејствуваат и покрај Турција, дури и против Турција, прават сериозна грешка“, изјави Ердоган во своето обраќaње во Парламентот пред пратениците на владејачката Партија на правда и развој (AK Parti).

Ердоган изјави Турција не изнесува тврдења за правата или интересите на која било друга земја.

„Но ние никогаш нема да му дозволиме некому да ги узурпира нашите права, закони или интереси во регионот“, изјави Ердоган.

„Секој треба да знае дека не може да успее ниту едно дело направено во овој регион против Турција. Ова, исто така важи и за кипарското прашање а и за Егејот“, додаде тој.

Турција постојано ја предупредуваше администрацијата на кипарските Грци за едностраното спроведување на истражувања во Источниот Медитеран, велејќи дека кипарските Турци, исто така, имаат права на ресурсите во тоа подрачје.

Кипар е поделен од 1974 година, кога кипарските Грци, кои извршија државен удар, покренаа бран на насилство против кипарските Турци, што предизвика реакција од Анкара, која оттогаш е гарант на мирот.

Најновиот обид да се обедини островот во Средоземното Море, кој со години е поделен, заврши неуспешно во 2017 година, по две години преговори.