Гори траект со повеќе од 300 патници во Балтичкото море, во тек е акција на спасување

0
408
На траект во Балтичкото Море, дошло до силна експлозија, после што избувнал пожар. Јавува РТ, траектот има околу 335 патници и членови на екипажот, кои сега се заробени на морето.
Данскиот ферибот “Regina Seaways” се движел од Литваниската Клајпеда до германскиот град Киел, кога се случила експлозија. Бродот се наоѓа 135 километри од Калининград, руската енклава во Балтичкото Море.
-Се случи експлозија во механичкиот оддел на патничкиот траект со знаме на Литванија во Балтичкото Море, соопштил претставник на Федералната агенција за поморски и речен транспорт на Русија.
Операцијата за спасување веќе започнала и присуствувале руски и литвански спасувачи кои со бродови и хеликоптери  се упатиле кон траектот.