ТУРЦИЈА: Наредено приведување на 417 осомничени лица заради перење на пари

0
437
Турските обвинители наредија апсење на 417 осомничени заради перење на пари во рамките на истрагата за уплата на 419 милиони долари на сметки во странски банки, објавија турските медиуми.
СИ-Ен-Ен Турк известува дека полицијата во Истанбул истовремено спровела рации во неколку провинции и приведила голем број луѓе и го претресела нивниот имот.
Никој од полицијата или судските власти не бил достапен да коментира за извештајот на турската агенција,кои ја пренесоа и други други медиуми во Турција.
Агенцијата потврдува дека истрагата е насочена кон оние кои своите постапки ги насочиле кон економската и финансиската безбедност на Турција, објави Срна.
Во извештајот додава дека осомничените добиле провизија за испраќање пари на 28.088 банкарски сметки и дека корисниците на овие сметки се ирански граѓани кои живеат во САД.
Извор:(Vijesti)