Пристигна месец октомври, и до средината на овој месец – како што беше посочено во неодамнешниот договор меѓу Путин и Ердоган – екстремистичките групи би требало да ја напуштат северозападна сириска провинција Идлиб. Дали тоа ќе се случи во во наредните две недели, ќе видиме, ама информациите за кои засега пристигнуваат не се оптимистиќки. Имено вчера, се појави информација дека група позната како, Фаилак ал-Шам, ги повлекла своите сили, како и тешкото оружје од делот на Идлиб што треба да стане демилитаризирана зона, меѓутоа утринава се огласиле од Фаилак ал-Шам и порачале дека информациите не се точни.
Потсетуваме, договорот на Путин-Ердоган истакнува дека до средината на овој месец треба да се воспостави демилитаризирана зона од 15 до 20 километри, што всушност треба да биде тампон-зона по целиот простор меѓу сириската армија и милитантите, а просторот треба да биде контролиран од руската и турската армија.
Failaq al-Sham е една од групите во Алијансата Национално ослободителен фронт кој беше едновремено поддржан од Турција (таа е група која претходно беше под закрилата на ФСА). Но, откако опозицискиот извор SOHR објави дека Failaq al-Sham се повлекува од областа каде што треба да се формира тампон зона, лидерот на ова група Шеик Омар Хусеин ги негираше овие информации, истакнувајќи во разговор за Ројтерс дека: “Веста за нашето повлекување е лага”.
Друг командант на Народноослободителниот фронт истакнал дека тој вчера го посетил околината на Алепо и известил дека таму нема напредок ниту било какво движење на теренот.
Извор:Ројтерс









