Претседателот Ердоган го изрази своето сочувство до индонезискиот претседател Видодо

0
249

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го изрази своето сочувство до индонезискиот претседател Јоко Видодо за настраданите во земоресот и брановите цунами што го погодија островот Сулавеси.

Според добиени информации од извори на кабинетот на претседателот, претседателот Ердоган денеска остварил телефонски разговор со својот индонезиски колега Јоко Видодо.

Претседателот Ердоган го изрази своето сочувство до Видодо за загинатите во земјотресот и брановите цунами на островот Сулавеси и му го достави своето големо жалење поради смртта на приближно 1.300 лица во оваа природна катастрофа.

Нагласувајќи дека Турција ги споделува болките на своите индонезиски браќа, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган воедно напомена дека пред оваа голема катастрофа Турција е спремна да ја достави секој вид помош со сите свои институции и организации на чело со Управата за елементарни непогоди и итни состојби АФАД и турската Црвена полумесечина Кизилај.