Грчката влада порача дека внимателно ја следи состојбата во соседна Македонија и дека ќе остане посветена на постигнатиот договор за долгогодишниот проблем во врска со името на поранешната југословенска република, јави агенцијата Анадолу (АА).
Според неофицијалните резултати на Државната изборна комисија на Македонија (ДИК) на вчерашниот референдум за промена на името на земјата и членството во НАТО и ЕУ, излегоа 36,11% од гласачите, од кои 91,52% или 501.323 граѓани гласаа “ЗА”.
Грчкото Министерство за надворешни работи во изјавата објави дека резултатите од референдумот се контрадикторни и дека официјалната Атина ќе ја почитува волјата на народот на соседната држава.
-Без потребната натполовична излезеност, референдумот резултираше со доминантна поддршка на постигнатиот билатерален договор. Голем дел од луѓето од соседната држава го поддржаа договорот се вели во соопштението.
Атина, исто така, предупредува дека национализмот, популизам, сомневање и дезинформации не придонесуваат за реалистичко разбирање на позитивните договори од договорот, и нагласуваат дека на регионот й е потребна демократска соработка и дијалог.
Истовремено, грчкиот премиер Алексис Ципрас минатата ноќ разговарал со својот македонски колега, Зоран Заев, и му честитал на определбата и храброста во спроведувањето на постигнатиот договор.
Од друга страна, лидерот на партијата АНЕЛ, мал коалициски партнер во грчката влада и министерот за одбрана на таа земја, Панос Каменос, на социјалните мрежи порачал дека референдумот во Македонија не е валиден, бидејќи повеќето граѓани не излегле на гласање.
Извор:faktor










