33
Делегација на палестинската група Хамас денес излезе од блокираниот Појас на Газа и отпатуваа за Каиро за да спроведе разговори со египетските официјални претставници, објави агенцијата Анадолу (АА).
Од канцеларијата за односи со јавноста на преминот Рафа соопштија дека делегацијата на Хамас заминала во Египет без никакви дополнителни детали. Делегацијата е предводена од Калил ал-Хаја, заменик-претседател на Хамас во Појасот Газа.
Во средината на август, палестинските фракции се состанаа со египетски официјални претставници во Каиро, на разговори околу предлогот за помирување на Хамас и Фатах, прекин на огнот со Израел и спроведување хуманитарни проекти во Појасот Газа.
Во октомври минатата година, Хамас и Фатах во Каиро потпишаа договор за помирување, кој, ако биде целосно имплементиран, ќе й овозможи на палестинската влада во Рамалах да управува со Појасот Газа, кој е под контрола на Хамас од 2007 година.
Договорот, сепак, допрва треба да влезе во сила заради мноштвото на длабоки разлики помеѓу двете ривалски палестински фракции.
