Силен земјотрес со јачина од 7,5 степени по Рихтер го погоди индонезискиот остров Сулавеси, неколку часа откако малку послаб земјотрес урна неколку куќи во истата област.
Индонезиската телевизија објави слика од моќен бран кој го погаѓа градот Палу, каде живеат околу 350.000 луѓе.
Метеоролошката и геофизичка агенција претходно издаде предупредување за цунами за луѓето во централните и западните провинции Сулавеси, четвртиот најголем остров во Индонезија и единаесетти најголеми во светот, барајќи од населението да се повлече во повисоки области, објави Хина.
“Жители на крајбрежните области, ве молиме да се оддалечите од брегот”, изјавил на телевизија портпаролот на агенцијата за спречување катастрофи.
Американското геолошко истражување ја оцени силата на вториот потрес на 7,5 степени после поќетната проценка од 7,7 степени. Првиот земјотрес уништи куќи, и усмрти едена особа и повреди најмалку десет, објавија властите. “Земјотресот беше исклучително силен, очекуваме поголема штета и жртви”, додаде Нугрохо.
Во серија земјотреси во јули и август на туристичкиот остров Ломбок, речиси загинаа околу 500, стотици километри југозападно од Сулавеси. Индонезија е на прагот на Тихиот океан Пацифик и често се погодена од земјотреси.
Голем потрес покрај северниот индонезиски остров Суматра, во 2004 година, покрена цунами во кој загинаа 226.000 луѓе низ Индискиот Океан во 13 држави, меѓу кои 120.000 жители на Индонезија.
Извор:(Vijesti)











