Данската полиција ги затворила двата главни сообраќајни мостови и откажала возењето траекти од Данска до Шведска и Германија во рамките на голема операција.
Ова беше објавено од полицијата од Копенхаген на нивниот профил на Твитер, објави Ројтерс, истакнувајќи дека полицијата не објаснила зошто го затвори мостот Ересун, кој го поврзува Копенхаген со Малме во Шведска и мостот што ги поврзува данските острови Селанд и Фин.
Би-Би-Си објави дека локалните медиуми известуваат дека “опасно” лице е во бегство, но официјалните лица сé уште не објавија за што се работи.
Поради операцијата, источниот остров Зеланд, каде што се наоѓа главниот град на Данска, е отсечен од остатокот од земјата, пренесува АП.

Ова создаде многу големи сообраќајни метежи и застои во близина на мостовите што доведоа до копното и кон Шведска. Весникот Aftonbladet, цитирајќи неименуван полициски извор, изјави дека операцијата била преземена заради потера на возач на возило со шведска регистарска табличка кој се барала во врска со киднапирање.
Аеродромот во Копенхаген сé уште е отворен, објави овој весник на веб-страницата.











