Силна и ретка бура, слична на ураганот и тајфунот, ќе го погоди источниот дел на Медитеранот овој викенд, објави СНН.
Американската телевизија објави дека станува збор за хибридна бура што вообичаено ја нарекуваат како Медикејн.
Според истражувањето објавено во 2011 година, само една или две “Медикајна” се случуваат во текот на годината и дека овие бури најчесто се случуваат во септември и октомври, кога површината на Средоземното Море останува прилично топла, но може да се појави во било кој период на годината.
Последната бура предизвика излив на поплави низ Тунис и Либија во текот на изминатите неколку дена, а сега го премина Медитеранот на север.
Се вели дека оваа бура за време на премин преку Средоземното Море веројатно ќе ги преземе карактеристиките на ураганот, а се очекува дека утре полека ќе го помине грчкиот остров Крит и јужниот дел на Грција, а потоа ќе забрза кон западна Турција.
Си-Ен-Ен пренесува дека областите на Грција и Турција ќе бидат погодени од високи врнежи и многу силни ветришта. За среќа, ваквата бура нема да биде долго над Југоисточна Европа, објави Б92.











