(Видео) Авион се преполовил на два дела, загинале две лица

0
475
Две лица загинаа кога приватен авион се урна надвор од пистата на аеродромот во центарот на Гринвил во Јужна Каролина.
Директорот на аеродромот Џо Фрешер изјавил дека авионот слетал на пистата, но не можел да застане поради непознати причини. Во времето на несреќата, во авионот имало четири лица, двајца пилоти и двајца патници, изјавил Фрашер.
Властите соопштија дека пилотот и копилотот загинале, а патниците биле однесени во болница во критична состојба, пишува foxcarolina.com
Копилот бил идентификуван како Стивен Џорџ Фокс (66), а идентитетот на пилотот сè уште не бил објавен, бидејќи семејството не било информирано. Само е познато дека станува збор за 49-годишен маж.
Во тек е истрага за причините за несреќата.
[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=Ohj-2lJQgPM[/embedyt]
Извор:faktor/Foxcarolina.com