Ердоган пречекан со воена церемонија во Германија

0
364

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, кој по покана на германскиот претседател, Франк-Валтер Штајнмајер, се наоѓа во Берлин, е пречекан со воена церемонија во палатата Белвју, јавува Anadolu Agency (AA).

Пред воената церемонија, турскиот претседател Ердоган и неговата сопруга, Емине Ердоган, беа пречекани пред вратите на палатата Белвју од страна на германскиот претседател Штајнмајер, и неговата сопруга, Елке Буденбендер.

По интонирањето на химните на двете земји, двајцата претседатели ја поздравија почесната гарда.

Ердоган и Штајнмајер по оваа церемонија преминаа на средба која е затворена за медиумите.

По оваа средба, Ердоган ќе се сретне со германската канцеларка, Ангела Меркел.