Канада и го одзеде почесното државјанство на Аунг Сан Су Чи

by Administrator

Пратениците во Парламентот на Канада синоќа едногласно ја поддржаа резолуцијата за одземање на почесното канадско државјанство на мјанмарската лидерка Аунг Сан Су Чи, поради нејзиното „одбивање да го осуди геноцидот“ врз припадниците на муслиманското малцинство Рохинџи.

Су Чи доби почесно државјанство на Канада со одлука на Долниот дом на канадскиот Парламент, во време додека како опозициски лидер се наоѓаше во затвор во Мјанмар.

– Нашата Влада ја поддржува оваа резолуција, како одговор на трајното одбивање на Аунг Сан Су Чи да го осуди геноцидот врз Рохинџите, извршен од страна на Армијата со која таа ја споделува власта, изјави портпаролот на канадското Министерство за надворешни работи, Адам Остин.

Покрај Си Чи, почесно канадско државјнаство имаат добиено и Нелсон Мандела, Далај Лама и Малала Јусафзаи.

Извор:НоваТВ

You may also like