Алжирскиот министер цел на критики бидејќи во ОН зборувал на француски јазик

0
416
Алжирскиот министер за надворешни работи, Абделкадер Месахел, беше критикуван во својата татковина откако на обраќањето на 73-тата седница на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) зборувал на француски јазик.
Како пренесува Анадолија, Социјалното движење за мир, пролисламската партија во Алжир, соопшти дека постапките на министерот за надворешни работи претставуваат кршење на Уставот на земјата.
“Употребата на странски јазик во обраќањето на Генералното собрание на ОН претставува кршење на Уставот и навреда за националниот суверенитет”, се вели во соопштението.
Насер Хамдадус, член на Социјалното движење за мир, ги критикуваше алжирските официјални лица кои го користат францускиот наместо националните јазици во јавни говори.
Тој нагласи дека таквата постапка е “отворено кршење на Уставот и кршење на суверенитетот на земјата”.
Бројни корисници на социјална мрежа, исто така, остро го критикуваа шефот на алжирската дипломатија, кој, наместо арапскиот јазик, користеше француски јазик во обраќањето во ОН.
Алжирската влада сé уште не се огласила за овој случај.