Ердоган во Берлин упати поздрав кој Германците го сватија како провокација

0
1799
Претседателот на Република Турција, Реџеп Тајип Ердоган, пристигна во официјална посета на Германија.
Во Берлин тој пристигнал на покана на неговиот германски колега, Франк-Волтер Штајнмаер, и ова е негова прва официјална посета на една држава на ниво откако Турција премина во претседателскиот систем на управување.
Посетата на Ердоган предизвика сосема контроверзност, но и протест во Германија, од кругови кои предупредуваат за кршење на некакви човекови права во Турција.
На своите германски критичари, Ердоган не им останал должен. Возејќи се низ Берлин на задното седиште на Мерцедес Мајбах, турскиот претседател мавтал низ отворен прозорец.
На улицата Унтер ден Линден, на 500 метри пред Бранденбуршката капија, Ердоган ја подигнал раката и поздравил својот препознатлив поздрав  со четири прста и притиснат палец на дланката.
Високо тиражниот весник Билд потсетува дека тоа е поздрав на исламското движење Муслиманско братство кој стана светски поздрав за време на протестите во Египет во август 2013 година. Во тоа време членовите на Муслиманското братство протестираа заради недемократското сменување на на претседателот Мухамед Мурси.
Конвојот на Ердоган беше проследен со полициски хеликоптер, и непосредно пред турскиот шеф на државата да пристигна во берлинскиот хотел  “Адлон”, минувачите на улицата Унтер ден Линден морале да останат во продавниците за сувенири или во ресторани. Полицијата дури ги прегледувала нивните лични карти заради најавата на голем број демонстранти, но исто така и на обожавателите на Ердоган.
За време на тридневната посета, Ердоган ќе се состане со германскиот колега Штајнмаер, канцеларката Ангела Меркел, и свечено ќе ја отвори Централната џамија во Келн.