Иванов ги критикуваше представниците на САД и ЕУ за поддршката на референдумот

0
326
Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов ги критикуваше високи официјални претставници на САД и ЕУ во Њујорк за поддршка на престојниот референдум за промена на името на Македонија и ги повика своите сонародници да не гласаат во недела.
Иванов, кој денес говореше на Генералното собрание на ОН, промената на името на Македонија го нарече како “стапица” и “сериозно кршење на суверенитетот”, објави АП.
Македонскиот претседател ги критикуваше американските и европските претставници кои ја посетија Македонија минатата недела, бидејќи, како што рече, дека промената на името и дава на неговата земја единствена надеж за приклучување кон НАТО и ЕУ.
“Ако ни ја одземете надежта, тогаш што ќе ни остане ?”, прашал Иванов.
Американската агенција забележува дека американските и европските официјални претставници ја обвинија Русија дека се меша со промена на името на Македонија.
Референдумот во Македонија за договорот кој го постигнаа Атина и Скопје за промена на името наМакедонија ќе се одржи в недела.