Израелскиот министер за одбрана, Авигдор Либерман, денес изјави дека Израел е подготвен повторно да го отвори граничниот премин со Сирија за персоналот на ОН и ќе продолжи со операциите како пред сириската војна.
Либерман ова им го изјавил на новинарите за време на посетата на преминот Кунеитра на Голанската висоравнина, кој беше анектиран од страна на Израел, дека силите за дегажна на ОН (УДОФ) се вратиле на преминот и дека “добро се подготвени”, додавајќи дека “топката сега е на сириската страна на теренот”.
Преминот беше затворен пред четири години поради безбедносни причини, изјавил Либерман.
Преминот главно бил користен од страна на силите на ОН лоцирани во регионот и за повремени трансфери на земјоделски производи.
Кунеитра беше зона на конфликт помеѓу сириската армија и бунтовничките групи, вклучувајќи го и фронтот Ал-Нусра. Силите на сирискиот претседател Башар ал Асад повторно добија контрола над регионот.
Израел ја освои Голанската висорамнина во Блискоисточната војна во 1967 година и набргу потоа го припои, тврдејќи дека е дел од Израел, и вакбиот чекор никогаш не е признаен од меѓународната заедница, го пренесува Ксинхуа.
Извор:(Vijesti / ФЕНА)










