Италијанската полиција заплени 1,7 тони марихуана во гумен глисер кој бил пресретнат после дојава од страна на хрватска полиција.
Глисерот тргнал од Палагружа кон Пескари, а за сомнителното движење на чамецот спреа италијанскиот брег властите на ова земја ги известила хрватската полиција.
Италијанците веднаш на пријавеното место испратиле хеликоптер и брод, а како пренесе Хина, после потерата глисерот бил пресретнат и на него биле пронајдени 1.7 тони дрога завиткана во прозирни пластични пакети.
Италијанската полиција уапсила две лица за кои постоело сомневање дека шверцувале дрога.










