Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во Њујорк се состана со палестинскиот претседател Махмуд Абас, јави агенцијата Анадолу (АА).
73-тата седница на Генералното собрание на Обединетите нации која се одржува во Њујорк, што исто така претставува и можност за бројни билатерални состаноци на светските лидери на маргините на настанот.
Ердоган и Абас состанокот, затворен за медиуми, го одржале во во хотелот “Peninsula”.
Турскиот претседател Ердоган исто така синоќа се состанал и со грчкиот премиер Алексис Ципрас, а потоа и со хрватската претседателка Грабар Китаровиќ.
Ердоган одрржал и издвоени состаноци со словенечкиот претседател Борут Пахор, францускиот претседател Емануел Макрони и премиерката на Велика Британија Тереза Мај.
Состаноците се одржаа без присуство на претставници на медиумите, и беа исклучителна можност за размена на мислења за низа билатерални и регионални прашања.
Претседателот на Република Турција, по завршувањето на седницата на Генералното собрание на ОН, ќе оствари официјална посета на Германија.











