Поради конфликтот во Либија, во последните два дена, своите домови ги напуштиле 1.700 семејства, според Обединетите нации (ОН).
Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарните прашања во вторникот објави дека вкупно 5.000 семејства побарале засолниште кај роднините во посигурни делови од Триполи и предградијата.
Министерството за здравство потврди дека две лица загинале во неделата и понеделникот. Бројот на луѓе убиени од 26 август се зголеми на 117. Тие, исто така, објавија дека 404 лица биле ранети, а 20 се водат за исчезнати.
Земјата исто така е погодена од недостаток на храна, вода и електрична енергија, а жителите исто така се соочуваат со многу здравствени проблеми. Една од нив се малите сипаници, кои најчесто се јавуваат кај децата.
Многу семејства кои останаа без дом сместени во училиштата и заради тоа би можело да биде пролонгиран почеток на учебната година планирана за 3-ти октомври.










