Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека за судбината на американскиот пастор Андреа Брунсон, кој е притворен заради обвиненија за тероризам, ќе одлучи турскиот суд, а не политичарите.
Брунсон се поврзува со движење на Фетулах Ѓулен, кого турските власти го обвинуваат за обид за државен удар во 2016 година.
Американскиот државен секретар Мајк Помпео изрази надеж дека Турција ќе го ослободи овој евангелски пастир овој месец.
Тој в јули беше префрлен во домашен притвор, откако помина 21 месец во затвор, а случајот ги влоши односите меѓу Анкара и Вашингтон.
Ако биде осуден, Брунсон може да добие до 35 години затвор, но тој ја отфрла вината.
Ердоган објави дека Турција ќе продолжи да купува иранска нафта и гас, и покрај санкциите на САД, и очекува дека со Германија, каде што ќе биде во посета оваа недела, да ја зголеми трговијата.
Извор:(Vijesti / ФЕНА)









