Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган објави порака по повод 26 септември Празникот на турскиот јазик.
Ердоган во својата порака истакна дека сите граѓани треба да покажуваат чувствителност во зачувувањето, заштитата и развојот на турскиот јазик кој што низ вековите е дојден како јазик на мирот, толеранцијата и љубовта.
„Нашиот турски јазик кој што е едниот од најдревните, најраспространетите и најбогатите јазици на светот се наоѓа на чело на вредностите кои што нас не прават народ“, истакна претседателот Ердоган и појасни дека хоризонтот на народите, длабочината на нивниот поглед кон животот ги определува својството на нивниот јазик.
Ердоган укажа на тоа дека приоритет е турскиот јазик да се издигне на уште повисоко ниво меѓу јазиците на уметноста, книжевноста науката и образованието, а воедно подвлече дека турскиот јазик е најефикасното средство во пренесувањето на духовните вредности и богатствата кои го сплотуваат турскиот народ, од генерација на генерација.
Нагласувајќи дека турскиот јазик има големо значење во учењето на себе својствениот начин на размислување, зголемувањето на научните трудови, во творењето на извонредни дела во сферата на културата, уметноста и образованието, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својата порака напиша: „Сите граѓани треба да покажуваат чувствителност во зачувувањето, заштитата и развојот на турскиот јазик кој што станал јазик на мирот, толеранцијата и љубовта на овие териртории кои низ вековите биле домаќини на големи цивилизации.“
„Празникот на турскиот јазик посакувам да стане повод за една добра преродба, будење за целиот наш народ на чело со нашите деца и нашите млади.“ – истакна претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во пораката што ја објави по повод 26 септември Празникот на турскиот јазик.









