Имено на информација на еден наш сограѓанин кого одредена политичка партија како и на многумина веќе во повеќе наврати му ветувала за вработување , а за жал сме го почувствувале сите тоа ние, особено кога сме се нашле во ситуација преку нив да бараме обезбедување на работно место, бидејќи за жал во оваа наша жална Македонија, партиите се тие кои одлучуваат, а, како фактор за тоа вработување партиската книшка, се става пред вистински образованите лица, велам образовните лица, бидејќи за жал имаме и вистински необразовани лица кои преку ноќ се стекнуваат со дипломи, докторати, магистратури и што уште не.
И , така нашиот сограѓани листајќи низ информациите на интернет преку кои би дошол до некаков оглас за вработување, наидува на следниот оглас објавен на веб страната www.fakulteti.mk пред неколку денови поточно на 19.09.2018 година од страна на Министерството за финансии со број 188970/2 од 2018 година и Одлука за објавување на јавен оглас бр.0302567 од 2018 година на ВД Директорот на ЈЗУ Институт за трансфузиона медицина на РМ. во кого се бараат:
1.) На работно место доктор на медицина
1.1 две (2)лица на одделение за трансфузиона медицина лоциран во ОБ Струга.
2. На работно место лаборантски техничар
2.1 две (2)лица на одцеление за трансфузиона медицина лоциран во ОБ Струга.
Иако веќе денес огласот заврши, решивме малку да се информираме и прошетаме по лавиринтите на овие наши медицински институции.
Огласот, како известување за прием на нови вработувања не беше поставен на местото (табла) за известување при Општата Болница во Струга, бидејќи огласот не се однесувал на нив, односно трансфузионото одделение не е во нивна надлежност и нема потреба да се објавува на таблата за известување, каде што нормално се поставуваат огласите и известувања кои се однесуваат на Општата Болница Струга, ни напомена директорот на ОБ г-дин Реџеп Даути, за што испадна дека е во ред, и не упати во одделението за трансфузиологија.
Во разговор со дел од вработените, при овој оддел (трансфузиологија) повеќето од нив не беа запознати од тоа дека е објавен било каков оглас за вработување, освен од еден постар господин некаков помошник -хаус мајстор кој изрично ни рече дека огласот завршил денес,и за тоа решаваат директорите во Скопје, и дека огласот бил објавен во службен весник, како дознал овој наш господин дека бил објавен оглас и дека денес истиот завршил, тоа само тој си го знае, иако на писмено на ниту едно место на вратите или посебно место за огласување не беше поставено никакво печатено известување – оглас.
Сето ова не води кон една констатација, дека никако да се организираат или пак започнат реформите во медицината, кои се однесуваат на ваквите активности, или пак најавените реформи повторно како и порано си продолжуваат и функционираат преку партиските огласи, и постоа се чудиме сошто овој кадар (медицина) како и другите си заминуваат од оваа наша жална Македонија.
И, на крај наши драги невработени, се разбира доколку наскоро имаме и невработени, бидејќи сите ја напушаат ова жална Македонија, а ќе ни останат само вработени, доколку сакате да се вработите, наша препорака Вие да си купувате секоја недела службен весник на РМ,или да скапувате по интернет огласите, а не да гледате на огласните табли, бидејќи за жал тие остануваат невидливи за вас, односно видливи за оние кои претходно ја подигнале раката со партиската книшка и им ја доставиле до своите партиски налогодавачи кои веќе нивното име го ставиле на претходно наместените огласи…
А, нам ни останува да да видиме како кадар и кои лица ќе ги пополнат горе наведените места, за да можеме да ги прашаме и земеме поука како успеале тоа да го направат за да седнат на едно државно столче…
Исто така сличен оглас беше објавен и во ЈЗУ Завод за нефрологија – Струга за вработување на седум медицински сестри, огласот беше објавен од страна на Заменик Министерот за Здравство г-динот Асим Муса, на својот фејсбук профил, и истиот веќе е завршен,
А, дали и тука ќе биде запазен “законот“ за вработување на стручен кадар, останува за тоа подоцна, кога и ќе бидат примени новите лица кои ќе ја извршуваат ова дејност..







