Претседателот Ердоган во Њујорк ги прими ќерките на Малколм Икс, Кабилах и Елјесах

0
606

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во Њујорк каде што престојува по повод 73-тото заседание на Генералното Собрание на Обединетите нации (ОН) ги прими ќерките на Малколм Икс, Кабилах и Елјесах.

На средбата освен сопругата на претседателот Ердоган, Емине Ердоган, присуствуваа и неговата ќерка Есра Ердоган и нејзиниот сопруг министерот за трезор и финансии Берат Албајрак.

По средбата претседателот Ердоган потпиша една од неговата фотографија на тема „Светот е поголем од пет“ и им ја подари на Кабилах и Елјесах.

Малколм Икс, афроамерикански лидер и еден од предводниците на борбата за правата на црнците во САД, чие претходно име било Малколм Литл во 1940-сетите години кога влегол во затвор се запознал со заедницата т.ј. движењето Исламска нација и преминал во ислам.

Малколм Икс потоа во текот на својот живот привлече внимание на правата на црнците и се обиде да го запознае американското општество со вистинскиот ислам.

Малколм Икс со ефикасната борба што ја водеше против расизмот кој владееше во САД се стекна со голема почит и углед кај народите и општествата во целиот свет.

На 21 февруари 1965 година е убиен од страна на тројца вооружени напаѓачи за време на еден негов говор во Њујорк.

TRT