Огромни количини на кокаин биле пронајдени во кутиите за банани, кои требало да бидат донирани во Одделот за кривично правосудство на Тексас.
Кокаинот се наоѓал во 45 кутии, а проценетата вредност на пронајдената дрога е блиску 18 милиони долари, објавија американските медиуми.
Судејќи според статусот на делот на Фејсбук на Одделот за кривична правда во Тексас, двајца полицајци при приемот на робата забележале дека нешто не е во ред.
Една од кутиите изгледаше поинаку од другите. Полицајците најпрво ги пресекле лентите, ја извлекле кутијата и ја отвориле. Во кутијата, под бананите, бил пронајден сомнителен дел во кој се наоѓала бела прашкаста материја. Полицајците веднаш ги информираа пристанишните власти и чекале нивните инструкции.

Откако пристигнале иследниците, утврдиле дека сомнителна супстанца е кокаин. Царинските агенти ги претресле сите 45 кутии поставени на две палети а секој од нив бил наполнет со дрога. Откако сите кутии беа испразнети,тоа што останало представувало вистинско вистинскиот складиште на опиум.
Полицијата соопшти дека пронашла 540 пакети о кокаин во вредност од скоро 18 милиони долари.










