ШВЕДСКА: Пронајдена бомба во џамија во Стокхолм

0
322
Во џамија во Стокхолм, во Шведска, пронајдена е рачна бомба.
Портпаролката полицијата во Стокхолм, Ана Вестберг, соопшти дека експлозивната направа прицврстенана зидот на џамијата  била пронајдена во раните утрински часови.
Таа посочила дека истата е домашна изработка и дека е деактивирана.
Мохамед Темшамани, лидер на Здружението на исламската заедница во Шведска, изјавил дека заканите упатени кон џамиите ја добиле вистинската форма.
Тој додаде дека барањето за поставување безбедносни камери билп одбиено, и покрај фактот што џамијата била неколкупати цел на напади.
“Ове би требале да поставиме безбедносна камера за која ќе биде надлежна полицијата, во спротивно безбедноста на десетина луѓе секогаш ќе биде загрозена”, изјавил Темшамани.
Шведската телевизија СВТ соопшти дека џамијата во 2017 година била цел на напади 22 пати. Во 2018 година, тоа беше три пати цел на расистички напади.
Извор:РСА