Саудискиот крал Салман бин Абдулазиз ги ослободи сите затвореници кои во провинцијата Таиф биле осудени заради финансиски долгови.
Кралот Салман издал наредба од буџетските средства да се исплатат сите даночни, кредитни и други долгови заради кои затворениците се нашле зад решетките.
Саудиска новинска агенција (СПА) објави дека одлуката за помилување кралот Салман ја донел на предлог на првиот принц на Круната, Мухамед бин Салман, кој вчера бил во работна посета на Таиф.
Не е наведено колку затвореници биле ослободени од кралското помилување. Инаку Таиф е град кој се наоѓа на планината Сарават и поради поволните климатски услови, честопати е престој на странци, но исто така и привремен престој на саудиската влада за време на летните жештини.










