Јагоди со игли после Австралија пронајдени и во Нов Зеланд

0
353
Ланецот на маркеи Коунтдоун (Countdown) соопшти дека ќе ги повлече јагодите надвор од продажба после пронаоѓањето на игла во продавница во Окленд.
Јагоди од Австралија се нашле во сите продавници на овој синџир на маркети во Нов Зеланд, но пријавен бил само еден случај со игли.
Раководството на компанијата изјави дека корисниците можат да ги вратат сите јагоди и дека ќе им бидат вратени пари. Тие препорачале  секоја јагода да биде исечена на половина пат пред јадење доколку сакаат да ги задржат тие плодови.
Полицијата во Австралија неодамна регистрираше неколку инциденти, иако многумина се сомневаат дека се измислени. Првиот случај беше во државата Квинсленд на североисточниот дел на земјата.
Синџирот на маркети Woolworths во Австралија веднаш после тоа потоа од продажбата ги повлече иглите за шиење поради стравот што се појавува меѓу граѓаните откако иглите се пронајдени кај јагоди и други плодови.
Вулвортс соопшти дека презема мерки на претпазливост од продажба на игли, додека полицијата сè уште не идентификувала кој ги поставил иглите во јагоди.
Австралискиот премиер Скот Морисон изјави дека саботажата со јагоди е терористички чин. Тој ги повика Австралијците да прават колачи со јагода за да им помогнат на производителите.
Морисон, исто така, побара да се воведат построги закони и дека казните за контаминација на храна ќе се зголемат на 15 години затвор.
Од продажба се повлечени шест производители на јагоди.