Српската и хрватската агенција за лекови издале наредба да се повлечат вкупно десет серии на лекови од името Солифар, кои го користат голем број на пациенти.
Властите велат дека причината за повлекувањето на лекот е “нечистотија”, објави “Блиц.рс.”.
Овој лек го користат голем број пациенти кои имаат “прекумерно активна бешика”, нагон за често мокрење, но исто така и многу жени кои добиле таканаречена стресна инконтиненција или не сакано ослободување на урина за време на некои напори.
Во Хрватска се повлекуваат три серии солифар, а во Србија седум.
Во Србија, сите лекари и фармацевти сè уште не добиле известување за тоа, така што во некои приватни аптеки можело да се најде овој лек.
Аптеките “Белград” ги имаат сите информации, додека приватните синџири на аптеки се уште не се информирани.
Агенцијата за лекови и медицински помагала објавило на својата веб-страница, во писмо до здравствените работници, информации за повлекување на седум серии од тој лек од пазарот.
Агенцијата издаде налог за повлекување откако добила информации од носителот на одобрението за ставање во промет во Србија дека во одредени серии од пет и десет милиграми пронајдени биле “нечистотии”.
“Одлуката била донесена заради отстапување од стандардите за квалитет на одредени серии на лекови а на основа извршена реконтола при која се добиени резултати од испитување на нечистотија SLF N-oksid’ надвор од одобрениот лимит за време на употребата на лекот”, соопшти српската агенција за медицински производи и медицина средства.
Некои здравствени работници изјавиле дека не знаат за повлекување на лекот Солифар.











