Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на новиот изграден аеродром во Истанбул кае што се одржува Фестивалот за воздухоловство, вселена и технологија ТЕКНОФЕСТ Истанбул дојде со авион кој беше придружуван од авиони Ф-16.
Ердоган на новоизградениот аеродром во Истанбул кој воедно е и најголемиот аеродром во светот слета облечен во пилотска униформа.

Авионот „АТА“ во кој се наоѓаше претседателот Ердоган беше придружуван и од авини Ф-16.
Извесно време авионот на Ердоган реализираше ниско летање при што ги поздрави гаѓаните кои беа собрани на просторот на фестивалот ТЕКНОФЕСТ и потоа слета на земјата. Претседателот Ердоган беше пречекан од страна на голем број млади и притоа можеше да се види дека на себе има пилотска униформа со претседателска ознака-форс.
Авионот „АТА“ во кој се наоѓаше претседателот Ердоган беше придружуван и од авион Ф-16 со кој пилотираше министерот за национална одбрана Хулуси Акар.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во своето обраќање пред посетителите на ТЕКНОФЕСТ Истанбул им честита на оние кои имаат заслуга и труд во организирањето на оваа манифестација за која што рече дека се оценува како симбол на Националниот технолошки потег на Турција, а воедно им честита и на младите кои беа добитници на награда на одржаните технолошки натпревари на кои учествуваа.
Претседателот Ердоган ги покани на платформата ученицит доитници на медали на нучните натпревари и преставниците на партнерите на ТЕКНОФЕСТ со кои се сликаше и истакна дека оваа организација се најде меѓу првите организации од овој вид во светот.













