Турција го осуди реализираниот вооружен терористички напад за време на воена парада во градот Ахваз во југозападниот дел на Иран.
Во објавеното писмено соопштение од турското министерство за надворешни работи се истакнува дека со големо жалење беше дознаено за големиот број загинати и ранети во реализираниот вооружен терористички напад за време на воена парада во градот Ахваз во југозападниот дел на Иран и се вели следното: „Остро го осудуваме овој гнасен терористички напад. На загинатите им посакуваме милост од Аллах, а на ранетите побрзо оздравување. До иранскиот народ и иранската влада го изразуваме нашето сочувство од се срце.“
Утрово за време на воена парада во градот Ахваз во провинцијата Хузистан што се одржуваше по повод одбележувањето на 78-годишнината од иранско-ирачката војна, беше реализиран вооружен напад во кој според последните добиени информации загинаа 24 лица, а 54 лица се ранети.









