Портпаролот на кинеската армија изјавил дека потегот на САД представува “флагрантно кршење на основните правила на меѓународните односи” и вистински е “показател за хегемонија”, кој тешко ги наруши односите меѓу Кина и САД, како и армиите на двете земји.
– Бараме американската страна итно да ја поправи својата грешка и да ги повлече т.н. санкции. Инаку, американската страна ќе мора да ги сноси последиците предизвикани од ова дело – истакнал тој.
Тој соопштил дека кинеската армија испратила протест до американската страна, објави Ксинхуа.
Вашингтон и`воведе санкции за кинеската армија заради купувањето на руски борбени авиони и проектили од типот земја- воздух.
На мета на санкции се најде и кинеското одделение за арзвој на опрема и неговиот директор заради “значајни трансакции” со рускиот државен извозник на оружје Рособоронекспорт.
Кинескиот претставник истакна дека воената соработка меѓу Кина и Русија е вообичаена соработка меѓу двете суверени држави, во согласност со меѓународното право, и дека САД немаат право да се мешаат во таквата практика.









