По повеќе од една деценија, американската војска не успеа да ја исполни целта во бројот на регрути.
Воените команданти за агенцијата АП изјавија дека има 6.500 војници помалку од планираните 70.000 нови копнени сили за фискалната година која завршува на 30 септември, објави Ал Џезира Балкан.
Останатите родови на војската ги исполнија своите цели.
Помалку регрути се пријавени и покрај дополнителни 200 милиони долари за бонуси за приклучување во армијата и одобрување на дополнителни поштедувања за лошо однесување или здравствени проблеми кои им овозможуваат во војска да влезат оние кои инаку не би можеле.
– Очигледно мислевме дека ќе постигнеме подобар резултат од овој – изјавил генерал мајор Џозеф Каловеј.
Тој изјавил дека недостатокот на регрути е резултат на силната американска економија.
Бројот на луѓе кои можат да аплицираат за Армијата на САД со години се намалува.
Извор:(Vijesti / ФЕНА)










