САД: Во градинка избодени пет лица, меѓу кои и три бебиња

0
306
Најмалку пет лица, меѓу кои и три деца, биле избодени во градинка во Њујорк, објави агенцијата Анадолу (АА). Официјалните лица потврдија дека настанот бил забележан во раните утрински часови во домот во Квинс, каде што била основана детска градинка.
Убодните рани во пределот на абдоменот биле предизвикани кај бебиња од три дена и еден месец, додека бебе старо 20 дена имало посекотини на увото, брадата и усните. Полицијата соопшти дека исто така била повреден е и таткото на детето кое било во градинка, и жената која работела таму. Сите е во критично, но стабилна состојба.
Полицијата во подрумот на едка куќа во близина на градинката пронашла 52-годишна жена која самата на себе си нанела повреди и истака се наоѓа вп притвор во болница. На местото на настанот, пронајден бил месарски нож. Мотивот за нападот сè уште не е познат и не е јасно дали градинката е лиценцирана за работа.