Касеми: Иран не побара средба со Трамп

by Administrator

Иран не побара средба со американскиот претседател Доналд Трамп, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Бахрам Касеми,пренесува новинската агенција ИРНА.
Некои медиуми претходно објавија дека Иран побарал таков состанок за време на седницата на Генералното собрание на Обединетите нации.

Иранскиот претседател Хасан Рохани ќе се обрати на Генералното собрание на ОН следната недела, објавија иранските државни медиуми.
– Исламската Република Иран никогаш не побара средба со Трамп – истакнал Касеми.

Тензиите меѓу Иран и САД се зголемија откако американскиот лидер почна да се повлекува од мултилатералниот нуклеарен договор во мај оваа година и повторно ги воведе санкциите за Иран минатиот месец, објави Ројтерс.
Извор:(Vijesti / ФЕНА)

You may also like