Ердоган во рамките на посетата на САД ќе одржи говор на Генералното заседание на ОН

0
507

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган во рамките на посетата на САД на 25 септември ќе одржи говор на седницата на Генералното заседание на ОН а исто така ќе одржи средби со претставниците на инвестиционите и бизнис средини.

Според писменото соопштение кое беше објавено од страна на канцеларијата на претседателот, во рамките на состаноците на Генералното заседание на ОН што ќе се одржи од 23 до 27 септември 2018, Ердоган ќе престојува во посета на САД.

Претседателот Ердоган првиот ден на седницата на Генералното заседание што ќе се одржи на 25 септмеври ќе одржи говор.

Според соопштението, Ердоган за време на престојот во Њујорк ќе одржи низа билатерални средби со шефовите на држави и премиери на другите земји учеснички на Генералното заседание на ОН.

Ердоган во рамките на посетата ќе одржи средби со претставниците на американските инвестициони и бизнис средини, идејните лидери, турските и муслимански здруженија.