Бугарија соопшти дека ќе ја поддржи Унгарија во сегашниот конфликт со Европската унија, изјавил во текот на вчерашниот ден вицепремиерот на Бугарија и министер за одбрана Красимир Каракачанов. Тој, исто така, истакна дека источноевропските земји мора да останат заедно кога станува збор за преговорите со Брисел.
Потсетуваме, Европскиот парламент минатата недела гласаше за да започне процес против Унгарија, која би можела да воведе санкции за Унгарија – унгарските власти се обвинети за корупција и поткопување на демократијата и човековите права.
Сепак, Будимпешта не е изолирана – освен Бугарија, неколку членки на ЕУ јавно застанаа на нејзината страна (Полска и Чешка) и изразија солидарност во конфликтот со Брисел. Добри вести за Унгарија, бидејќи доволно е само една членка на ЕУ да вложи вето и остри санкции против Унгарија, кои потенцијално би можеле да го вклучат и губењето на правото на глас, за да бидат прекинати.
Извори:DW | Ројтерс











