Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека настанот во Кербела нè потсетува на реалноста дека муслиманите имаат потреба од љубов и соработка, а не непријателства, јави агенцијата Анадолу (АА).
Потсетуваме, во битката на Кербела, животот изгуби еден од најистакнатите исламски лидери и реформатори на сите времиња, Хусејн ибн Али, внукот на пратеникот Мухамед а.с.
Турскиот претседател, по повод 10-ти мухаррем, денот кога кога во 55 година од животот беше убиен хазрети Хусејн, истакна дека овој настан, иако оттогаш поминаа 1379 година, продолжува и понатаму да “пече срцата” на муслиманите.
– На Кербала се пресели и хазрети Хусејн, внук на пратрникот Мухамед а. Кербела секоја година нё потсетува на потребата за љубов и соработка меѓу муслиманите, а не на нелојалност и непријателство. Му се молам на Аллах нашите срца да не бидат како пустина на Кербела и исламскиот свет да го зајакне со единство, солидарност и братство – напишал Ердоган на својот Твитер профил.

Извор:faktor










