Србија е многу важна држава за целиот Балкан и Турција ќе продолжи да прави се за да помогне оваа држава да биде силна, изјави вечерва министерот за внатрешни работи на Турција Сулејман Сојлу во Белград, истакнувајќи дека двете земји заеднички ќе се борат против тероризмот, организираниот криминал и другите видови криминали, јавува Anadolu Agency (AA).
По потпишувањето на писмото за намери на министерствата за внатрешни работи на Турција и Србија за соработка во областа на безбедноста, на заедничка конференција за новинарите со српскиот колега Небојша Стефановиќ во Белград, Сојлу му се заблагодари на Стефановиќ на прекрасниот пречек.
„Србија е многу важна и битна држава, не само во опкружувањето, туку за целиот Балкан. Србија е нашата пријателска земја и ние направивме и тоа ќе продолжиме да го правиме за да помогнеме Србија да биде силна не само во опкружувањето, туку и на Балканот”, рече Сојлу.
Тој рече дека намерата на неговото министерство и целата Турција, но и желба со Министерството за внатрешни работи на Србија да направат се што е во нивна моќ соработката да биде што е можно подобра и пречка за сите криминални дела кои денес се вршат во светот.
„Ние имаме намера и се договоривме дека заеднички ќе направиме се против тероризмот, организираниот криминал и криумчарите, така што денеска одлучивме да го затвориме патот на криминалот”, додаде турскиот министер за внатрешни работи.
Истакна дека во име на целата Турција има морална обврска да се заблагодари, не само на Владата на Србија и на Претседателството на Србија, туку и на целиот народ „кога беше најтешко – за време на обидот за државен удар во Турција”.
„Турскиот народ вам тоа никогаш нема да ви го заборави бидејќи таа поддршка тогаш ни значеше многу, а ни значи и сега. Сето тоа што го направивте тогаш, тоа турскиот народ нема да ви го заборави и ние ќе ја продолжиме соработката со Србија”, рече Сојлу.
Сојлу пренесе дека претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган многу ја поздравил Србија и нејзиниот народ, додавајќи дека Ердоган со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и двете министерства ќе направат се за што подобра соработка на двете земји.
„Имам уште еден поздрав од турските државјани кои доаѓаат како туристи во Белград кои имаат само прекрасни кометари за главниот град на Србија”, додаде Сојлу.
Министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ, изјави дека му е голема чест што денес во Србија престојува турскиот министер Сојлу, оценувајќи дека односите помеѓу двете земји одат во нагорна линија, а тоа го поттикнале претседателите на Турција и Србија, со што започнале „една нова ера на односите на Србија и Турција”.
„Двете влади и стопанството го пратат тој вид на интензивна соработка и соработна во нашата стокова размена, во туризмот и сите други стопански гранки е се подобра”, наведе Стефановиќ, потсетувајќи дека турските туристи се најбројни во Србија.
Тој наведе дека една од најзначајните задачи на двете министерства е да ја интензивираат борбата против организираниот криминал, како и посилна соработка во борбата против тероризмот, високотехнолошки криминал и мигрантската криза.
„Србија исклучително ги почитува напорите кои Турција ги прави за мигрантите, речиси четири милони миграти чува, им обезбедува услови за здравствена и сета друга заштита, затоа што тоа не е лесна работа”, наведе Стефановиќ.
Како што рече тој, соработката во смисла на уште поголема размена на податоци ќе биде уште поинтензивна, а денешното потпишување на писмата на намери е прв чекор кон унапредување на соработката во областа на безбедноста.
„Министерот Сојлу го сметаме за голем пријател за нашата земја. Важно ни е секој криминалец да знае дека секој кој мисли, нема да најде засолниште ниту во една од нашите земји. Србија ќе направи се што може таму каде ќе биде потребно граѓаните на Турција да се чувствуваат безбедно”, заклучи Стефановиќ.
Министерот за внатрешни работи на Турција, Сулејман Сојлу, претстојува во дводнева посета на Србија.










