Судот го ослободи поранешниот пакистански премиер Наваз Шариф

0
271
Пакистанскиот суд ги суспендираше казните на поранешниот премиер Наваз Шариф и членовите на неговото семејство, кои претходно оваа година ги изрече Антикорупцискиот суд. Се очекува дека трите членови ќе бидат ослободени по плаќањето кауција.
Шариф, неговата ќерка Маријам и зет Мохамед Сафдар Аван, беа осудени во јули откако не понудија извор на финансии што го користеле при купување неколку апартмани во Лондон.
Меѓутоа, во средата, Високиот суд во Исламабад изјави дека пакистанското антикорупциско тело не воспостави финансиска врска меѓу поранешниот премиер и станот и ја одложи претходната одлука за затворски казни.
Шариф беше осуден на десет години затвор и беше казнет со 10,5 милиони долари. Неговата ќерка доби седум години затвор и 2,6 милиони долари казни, додека Аван бил осуден една година зад решетки.
Тие ќе мора да платат кауција од 500.000 пакистански рупии (околу 4.000 американски долари) пред да излезат од затвор, објави Ал Џезира.
Се очекува антикорупциското тело да поднесе жалба до Врховниот суд.