Ердоган: „Нема криза во Турција, сето тоа се манипулации“

0
855

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денес изјави дека не постои криза во Турција и дека сè што се случува во земјата е манипулација, јавува Anadolu Agency (AA).

Зборувајќи на церемонијата на Денот на ветераните во Националниот културен и конвенциски центар „Баштепе“, Ердоган повика на употреба на локалната валута за плаќање наемнина и рече дека во спротивно тие ќе ја платат цената.

„Не постои криза, нека не ве загрижуваат овие тврдења. Сè тоа е манипулација… Турската лира од сега ќе преовладува во оваа земја… Ова е Турција, не Америка“, изјави турскиот претседател.

Според извори од Кабинетот на претседателот, минатиот четврток, Ердоган потпиша декрет со кој се бара користење на лирата за купување, продавање и изнајмување на недвижен имот и закуп на возила.

Ердоган, исто така, им се заблагодари на турските ветерани што ги ризикувале своите животи борејќи се за иднината на својата земја.

„Со чест се сеќавам на нашите предци кои кога беше потребно пролеаа крв и солзи на нашата почва за интегритетот на нашата нација, за иднината на нашата земја, и ја бранеа нашата држава илјадници години“, изјави Ердоган.

Осврнувајќи се на обидот за државен удар на 15 јули 2016 година, турскиот претседател изјави дека тоа е последен пример од чесниот став на турскиот народ кон грозоморните терористички напади.

На социјалната мрежа Твитер, потпретседателот Фуат Октај објави дека посветеноста на турските ветерани во Битката кај Дарданелите во 1915 година, Битката во Сакарја во 1921 година, обидот за државен удар во 2016 и тековните антитерористички операции во Турција и надвор од неа, ја покажале на целиот свет важноста на борбата за својата земја и знаме со заштита со сопственото тело.