Израелскиот амбасадор во Москва повикан бил во руското Министерство за надворешни работи заради соборувањето на рускиот воен авион Ил-90 во Латакија, Сирија.
– Заради настанатата ситуација, амбасадорот на Израел беше повикан во Министерството за надворешни работи, се вели во соопштението на Министерството.
Претходно, руското Министерство за одбрана соопшти дека Ил-20 бил соборен со ракета од сирискиот комплекс С-200, откако израелските авиони намерно создале опасна ситуација во областа Латакија. Криејќи се зад рускиот авион, израелските авиони го ставија на удар на сирискиот ПВО систем С-200.
Руските војници веќе го пронаше местото на падот на авионот “Ил-20” во Средоземното Море, 27 километри од сирискиот брег, пренесе Спутник.









