Руски авион со 14 член екипаж исчезна од радарот над Средозменото море

0
285
Рускиот воен авион II-20 доцна синоќа исчезна од радарот над Средоземното Море.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека авионот исчезнал за време на летот до воената база Химемим во Сирија и дека во авионот имало 14 војници.
Во соопштението се вели дека авионот исчезнал во исто време кога четири израелски бомбардери Ф-16 извршиле напади врз цели во Латакија, сириски регион во кој се наоѓа руската база Химемим.
Министерството вели дека во тој момент бил регистриран  и ракетниот напад од француската фрегата во Медитеранот.