Путин и Ердоган ја кројат судбината на Сирија, договорија демилитаризирана зона, и заедничко турско-руско воено патролирање

0
498
Рускиот и турскиот претседател Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган денеска во рускиот град Сочи договорија создавање демилитаризирана зона во сириската провинција Идлиб, меѓу силите на Башар ал-Асад и бунтовничките сили, ги пренесоа агенциите зборовите на рускиот лидер.
Путин истакнал дека во разговорите со Ердоган постигнал “сериозна одлука” за создавање на демилитаризирана зона.
Тој потврдил дека таа ќе биде формирана на 15 октомври и во неа ќе патролираат руските и турските сили, и дека овој договор го поддржува и сирискиот Влада. Путин додал дека зоната ќе биде широка помеѓу 15 и 20 километри, како и тоа дека од неа мора да се повлече сето тешко вооружување, како и “радикални бунтовници, вклучувајќи Front Al-Nusra”.
Путин наведил дека тешкото оружје треба да се повлече од зоната до 10-ти октомври, пренесува Ал Џезира Балкан.
Претходно денес претседателот на Турција, Ердоган, во пресрет на најавената средба со Путин во Сочи,изјави дека за размената на идеи за политичките, воените и економските прашања, меѓусебно ги зајакнува двете страни, пренесува агенцијата Анадолија.
Путин во Претседателската резиденција во Сочија го прими на Ердоган, кој му се заблагодари на гостопримството и додаде дека е задоволен што има честа можност да разговара со него.
“Нашата соработка, посебно на регионалните прашања, дава поинаква надеж за целата област, и јас сум убеден дека денешните очи на целиот свет се насочени кон Сочи, истакнал Ердоган.Уверен сум дека исходот од состанокот ќе донесе нова надеж во регионот“, рекол Ердоган.
Путин во пресрет на  состанокот со Ердоган изјави дека заеднички ќе побараат решенија за сложените прашања.
“Има многу теми за кои ќе разговараме. Некои од прашањата се комплицирани, сите ќе ги разгледаме и ќе побараме пат до решение,” истакнал Путин, додавајќи дека е во постојан контакт со турскиот лидер.
“Нашите билатерални односи се развиваат во позитивна насока. Трговската размена расте со високи темпо. Развиваме односи и од аспект на регионалната безбедност”, истакнал рускиот претседател.
Претходно кабинет на турскиот претседател, соопшти дека освен состанокот Ердоган-Путин, во Сочи ќе биде одржана средба од проширени делегации од двете земји.
Во соопштението се наведува дека лидерите на Турција и Русија ќе разговараат за билатералните односи, економските и енергетските теми, како и за регионалните и глобалните теми со акцент на ситуацијата во војната во Сирија.
Ова е втор состанок на Ердоган и Путин овој месец, бидејќи на 7-ми септември, заедно со претседателот на Иран, Хасан Рохани, присуствуваа на трилатералниот самит во Тегеран.
Во текот на самитот во Техеран Ердоган повика на прекин на конфликтот во Идлиб, најголемата опозициска енклава, на која сирискиот претседател Башар ал-Асад најави голема офанзива.
Турскиот претседател тогаш повика на примирје во Идлибу за да се избегне “крвопролевање”, но и нов бран на бегалци.
Тој нагаласи дека Турција, која од почетокот на седумгодишната војна прими 3,5 милиони луѓе, повеќе не може да прими бегалци од Сирија.
Од друга страна, рускиот претседател се спротивставува на примирјето во Идлиб, последно бунтовничко упориште, бидејќи Фронт ал-Нусра и борците на групата Исламската држава Ирак и Левант, кои таму се присутни, не учествуваат во мировните преговори.
Путин тогаш во Техеран изразил надеж дека бунтовниците ќе го положат оружјето и ќе се предадат, истакнувајќи дека сириската влада “има право” да преземе контрола над целата државна територија.