Етиопија и Еритреја во саудискиот главен град Џедда потпишаа мировен договор, за нормализација на односите на завојуваните земји

0
445
Етиопскиот премиер Аби Ахмед и еритрејскиот претседател Исаис Аферки во текот на вчерашниот ден потпишаа мировен договор во саудискиот град Џеда. Постетуваме, ова е веќе втор мировен договор што двете завојувани африкански земји го потпишаа од јули оваа година, отворајќи го патот до траен мир.
Етиопија и Еритреја водеа војна помеѓу 1998 и 2000 година, а после завршувањето на конфликтот продолжија тензиите, како и спорадичните судири. “Заедничката декларација за мир и пријателство” беше потпишана на 9 јули оваа година со цел нормализирање на односите, а вчера беше потпишан дополнителен мировен договор во саудискиот град на Црвеното Море.
Саудискиот министер за надворешни работи, Адел ал Џубеир, изјави дека договорот ќе придонесе за “зајакнување на безбедноста и стабилноста во поширокиот регион”.
За време на потпишувањето на договорот присуствувал кралот на Саудиска Арабија, како и престолонаследникот Мохамед бин Салман. На потпишувањето на договорот присуствувал и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутеррес.
[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=QNkSLpay7ok[/embedyt]
Извори:Ројтерс