Украина го поништи Договорот за пријателство со Русија

0
228

МОСКВА (АА) – Украинскиот претседател Петро Порошенко потпиша декрет со кој го укинува Договорот за пријателство меѓу Русија и Украина, пренесува Anadolu Agency (AA).

Декретот беше објавен денес на официјалната претседателска веб-страница.

„Договорот за пријателство, соработка и парнерство меѓу Украина и Руската Федерација беше потпишан меѓу Русија и Украина во 1997 година, кој ги опишуваше двете земји како стратешки сојузници“.

Во Договорот стоеше дека Русија и Украина треба меѓусебно да го почитуваат меѓусебниот територијален интегритет и да ја потврдат неповредливоста на постоечките меѓусебни граници.

Во 2014 година Русија го анектираше Кримскиот Полуостров, прекршувајќи еден од главните членови на Договорот.